Филипче: Ако СДСМ испорача резултати за две години, зошто ВМРО-ДПМНЕ бара алиби дека немале време?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Ако СДСМ испорача резултати за две години, зошто ВМРО-ДПМНЕ бара алиби дека немале време?

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјави дека обидите на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски да ја оправдаат својата неспособност со изговори дека „за некои работи биле потребни децении“, се доказ за нивната целосна безидејност.

„ВМРО-ДПМНЕ немаат што да покажат, немаат сериозен проект и сега се вадат со празни зборови дека промените барале време. Но, граѓаните добро знаат што може да се направи кога постои волја и план“, рече Филипче.

Тој потсети дека во само две години од својот мандат, СДСМ спроведе вистински системски промени кои граѓаните ги почувствуваа во секојдневието.

„Ние за две години ги зголемивме платите на лекарите и ја започнавме реформата за континуирано зголемување на минималната плата која до крајот на мандатот беше двојно повисока. Платите на докторите се зголемија за два и пол пати, а социјалната помош за 300 проценти. Ги решивме и 30-годишните проблеми на стечајците, кои конечно беа обештетени. Ако ние тоа можевме да го направиме во две години, зошто ВМРО-ДПМНЕ бара алиби дека ним им требале децении?“ праша Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека суштината е многу едноставна:

„Вистината е дека тие немаат ниту капацитет, ниту волја, ниту визија како да ја водат државата напред. И затоа единствено нешто што им остана е да спинуваат, да измислуваат и да бегаат од одговорност,“ порача Филипче.