Соопштение за јавност
Почитувани,
Никола Груевски нема што да им понуди на граѓаните на Вевчани. Граѓаните бараат промени и одговорност за криминалот во изминатите 10 години во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Изминува и последната година од мандатот на градоначалникот на Вевчани од ВМРО-ДПМНЕ, Цветомир Угриноски, а од ветеното се уште ништо не е реализирано.
Ја нема ветената реконструкција и пренамена на зградата на старото основно училиште.
Ја нема изградбата на улицата Вевчанка – Здравствен Дом Вевчани и кеј покрај Вевчанска река.
Го нема ветениот против пожарен Дом, ниту подземната електрична инсталација Вевчанка – Центар, фудбалско игралиште и многу други проекти од интерес на жителите на Вевчани.
Нема ниту еден реализиран приоритетен проект!
Сите овие ветувања останаа само празни зборови.
Здравствениот дом ”др. Светозар Чочороски” е во огромни долгови, нема средства ниту за реагенси за лабараторијата.
Основното училиште „Страшо Пинџур“ континуирано е со блокирана сметка поради недомаќинско работење на директорот, поставен токму од градоначалникот Угриновски.
Единствено по што е познат овој градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ уривањето на објекти на лица коишто се негови неистомисленици.
Цветомир Угриноски Општина Вевчани од еден бренд граден со векови, ја претвори во фамилијарна испостава.
Угриновски го интересираат само бизниси и тендери за лично богатење, затоа можеби Груевски денеска дојде во Вевчани.
На недомаќинското работење на ВМРО-ДПМНЕ му доаѓа крајот. На Македонија и се потребни промени. Секој што го прекршил законот ќе одговара!
Оваа криминална, недемократска, корумпирана власт во заминување, ќе биде запаметена само како црна дамка во големата вевчанска историја!