Соопштение за јавност
Филипче: Центар на овие избори прв ќе му порача на Мицкоски и неговата банда, доста е
,,Центар на овие избори повторно е повикан да застане на нозе и да испрати силна порака до Мицкоски и неговата банда на власт. Центар на овие избори прв ќе се разбуди и ќе му порача на ова лажно, арогантно и своеволно владеење на Мицкоски дека е доста, порача лидерот на СДСМ д-р Филипче на граѓанската трибина во Центар.
Филипче побара поддршка за актуелниот градоначалник Герасимовски и листата на советници предводени од неговиот колега,Александар Савески.
,,Луѓе произлезени од граѓаните, луѓе со личен и професионален интегритет каков што центарци можат само да посакаат и луѓе кои ќе работат во најдобар интерес на граѓаните кои ќе им ја дадат поддршката”, посочи д-р Филипче.
Лидерот на СДСМ повика на масовна мобилизација на 19 октомври за СДСМ да оствари убедлива победа во Советот на општината, но и на Каја Шукова за победата да биде целосна.
,,Но победата нема да биде целосна без да дадеме силна поддршка и за нашата Каја Шукова. Каја е жена борец, социјалдемократ по убедување, жена која го сака Скопје и знае како да го води градот. Каја е експерт за животна средина и сигурен сум дека ќе ги реши најгорливите проблеми на скопјани, со реални и остварливи проекти”, нагласи д-р Филипче.
Тој додаде дека таа е чиста спротивност на лажните, шарени програми на нејзиниот противкандидат, човек кој ќе прави воз покрај Вардар.
,,Човек кој веќе три кампањи по ред ветува дека од Вардариште ќе направи парк — и, секако, лаже. Скопјани и центарци веќе не смеат да бидат излажани, ги повикувам да го дадат својот глас за луѓе на кои зборот им држи, рече д-р Филипче на граѓанската трибина во Центар.