Соопштение за јавност
Герасимовски: Следува модернизација на уште 30 улици и 1000 нови паркинг места
„Со знаење, со искрена желба, со многу поддржувачи, со многу љубов и човечки однос, постигнавме многу, за да денес со чист образ и нова Програма, ја бараме поддршката за Центар што го сакаме!“. Ова вечерва го порача кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски.
Тој потенцираше дека во Центар се обновуваат улиците и маалата. Со нови улици, паметно осветлување, со модерни детски игралишта, со нова урбана опрема.
„Најавуваме модернизација на уште нови над 30 улици, пјацети и маала. Јавно се обврзуваме дека Центар мора да биде првата општина без дрвени бандери и висечки кабли. Центар ќе биде првата општина со најмногу зеленило по жител и со квалитетна содржина во маалата. Знам дека сите сакаат да бидат во Центар и сите да имаат паркинг места! Одговорно велам дека приоритет мора да имаат граѓаните на Центар. И затоа, подготвени се нови 1000 паркинг места. Го затвораме дел од Дебар Маало, за да има ред и пријатна атмосфера за сите, и за жителите и за ценетите гости“, рече Герасимовски.
Герасимовски, изјави дека општината самата успеала да го реши проблемот со сметот благодарение на новата опрема и вредните хигиеничари.
„Сами успевавме да ги решиме проблемите со сметот! Со нова опрема, со вредни хигиеничари, со присуство на теренот. И не оставаме на другите да решат дали ќе работат. Најавуваме уште нова опрема, цистерни и метларки, најавуваме плус хигиеничари, нови контејнери и канти. Во Центар има разлика, и мора да биде подобро и најдобро. Во Центар се правеа паркови, пјацети и оази, и немаше место за депонии. Обновуваме зеленило и ќе продолжиме. Садевме квалитетни дрвја и ќе садиме уште повеќе. Центар добива уште нови зелени оази и вистинско зеленило и хигиена“, истакна Герасимовски.
Тој додаде и дека ќе се добие борбата против бучавата и прекршителите на мирот и редот во Центар со поставување на нови бројни и јавни мерачи на бучавата, за да конечно се искорени.