Соопштение за јавност
Филипче од Валандово: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на земјоделците, родот стои без откуп и скапува на нивите
„Земјоделството е на колена. ВМРО-ДПМНЕ буквално им заврте грб на земјоделците. Откупот на индустриската пиперка – ајварка е закочен. Ветуваа 45 денари по килограм, а денес цената е понижувачки 20 денари. Половина од родот стои без откуп. Ниту субвенциите од лани се уште не се исплатени”, рече Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Валандово, нагласувајќи дека земјоделците се соочуваат со најтешка сезона во последните години, без поддршка и со закочен откуп на производите.
Додека зборуваше за катастрофалната состојба и хаосот во земјоделскиот сектор што власта на ВМРО-ДПМНЕ го направи, лидерот на СДСМ, д-р Филипче потсети дека лозарите, овоштарите и градинарите се оставени сами, без реална поддршка во момент кога секој ден значи опстанок.
„Лозарите не ја добија поддршката, Владата го одби предлогот на СДСМ за плус 3 денари по килограм. Трошоците растат, а нема план за сигурна цена и за навремен откуп. Производителите на грозје, праска и јаболко се оставени сами во сезона кога секој еден ден е пресуден,“ истакна д-р Филипче.
Тој остро ја критикуваше одлуката на Владата да ја укине авансната исплата на субвенции, со што, како што рече, се создава дополнителен хаос во земјоделството.
„Ја укинаа авансната исплата на субвенции и создадоа хаос. Следната година ќе нè чека рекордно ниско производство и сериозни економски последици”, предупреди Претседателот на СДСМ, д-р Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”, што вечерва се одржа во Валандово.