Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност?

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад.

Последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.

До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?

Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.

За тоа мора да има одговорност.

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност и да поднесе оставка?