Соопштение за јавност
Филипче од Кривогаштани: Развојот на Кривогаштани може да продолжи само со Игор Каравилоски и СДСМ
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во своето обраќање на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Кривогаштани истакна дека развојот на Кривогаштани може да продолжи само со Игор Каравилоски и со СДСМ.
„Слушајќи го неговото детално образложние како ќе го продолжи развојот на оваа општина во секој сектор, што ги опфаќа сите граѓани е доказ дека тој сериозно ја сфатил оваа работа, ја анализирал и знае точно што треба да се направи за буквално секој еден од вас“, нагласи Филипче, додавајќи дека во изминатите четири години под раководство на СДСМ и градоначалникот Николче Мискоски реализирани се над 40 проекти, а вложени се 4,84 милиони евра за капитални проекти.
Филипче истакна дека пред граѓаните е важна задача, да обезбедат континуитет, Кривогаштани да продолжи да се развива и да напредува со Игор Каравилоски.
„СДСМ има план и визија како Кривогаштани да продолжи да се развива, улиците да се полни со млади, а градинките со деца. Имаме и понуда на чесни, одговорни луѓе кои ќе го реализираат планот. Тоа е Игор Каравилоски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата предводена од Горан Новакоски, за Кривогаштани да го продолжи локалниот развој“, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанската трибина во Кривогаштани.