Филипче од Кривогаштани: Економијата е во пад, народот има сè помалку пари, а власта не презема ништо

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче од Кривогаштани: Економијата е во пад, народот има сè помалку пари, а власта не презема ништо

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, кој вечерва беше на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Кривогаштани зборуваше за сѐ поочигледниот колапс во економијата кој секој месец се посилно го чувствуваат граѓаните.

„Економијата е во пад, инфлацијата беснее. Но граѓаните не живеат од статистика, туку од она што секој месец им останува во паричникот. А во него секој месец се помалку бидејќи вистината е дека цените растат, а животниот стандард сериозно опаѓа. Реалната инфлација е 4%, храната поскапе 6,3%, а цените во рестораните над 8%. И наместо да преземат мерки, тие прават ПР-трикови, статистички манипулации и лажни наслови, за да ги скријат вистинските поскапувања“, рече Филипче.

Тој пред жителите на Кривогаштани посочи дека не се излажани само земјоделците преку неисплатените субвенции, туку и пензионерите кои со мерката на СДСМ можеа да добијат двојно од тоа што реално добија.

„И пензионерите добија помалку од ветеното. Наместо 2000 илјади денари по методологијата на СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ добија само 1000 денари. Работниците молат за зголемување на миналната плата, но за Христијан Мицкоски и неговиот пулен Трајко Славески платата била доволно висока. Но народот знае какви се цените бидејќи плаќа сметки и купува храна, со пари што не стигаат до крајот на месецот“, рече Филипче.

Тој оцени дека за ВМРО-ДПМНЕ очигледно дека е поважно да се сликаат, да прават позитивна медиумска слика и да измислуваат бројки, наместо да излезат, да погледнат во очи граѓаните и да се соочат со проблемите со кои тие живеат.