Д-р Трајановски: За првпат ќе формираме општинска медицинска помош – Проект со кој се грижиме за сите на кои им треба помош!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност на СДСМ

Д-р Трајановски: За првпат ќе формираме општинска медицинска помош – Проект со кој се грижиме за сите на кои им треба помош!

Општинска медицинска помош ќе биде еден од првите проекти кои ќе се реализираат веднаш по преземање на мандатот како градоначалник, истакна во гостување на Сител телевизија кандидатот за градоначалник на Аеродром од СДСМ, Д-р. Александар Трајановски.

– Предвидуваме прва општинска медицинска помош, поради тоа што брзата помош нема капацитет да ги опслужи сите граѓани. Низ Европа има парамедици, во нашиот закон сѐ уште нема, ќе работиме на тоа. Во овој момент може да вработиме во самата Општина медицинари, луѓе кои завршиле медицински факултет, да направиме тимови за луѓето кои имале операција и имаат потреба од помош, има луѓе кои не можат да дојдат до клиника, нема кој да ги однесе, ние не може да немаме емпатија кон луѓето кои давале цел живот.

Оваа служба ќе биде посветена токму на нив, да ги пренесе до Клиника, до дома, да биде мини сервис за граѓаните кој ќе ја покрие цела Општина од 100.000 жители, замислете кој бенефит ќе биде за тие луѓе да имаат број на кој можат да се обратат во општината, објасни Трајановски.