Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, до Амбасадата на САД во Македонија упати телеграма со сочувство по терористичкиот чин во Орландо.
Во телеграмата се вели:
„Во мое лично име и во името на Социјалдемократскито сојуз на Македонија изразувам сочувство и длабоко жалење до семејствата на загинатите и пријателскиот народ на САД за терористичкиот чин што се случи во Орландо.
Граѓаните во Македонија сочувствуваат со граѓаните на САД, изразуваат солидарност и жалат за загубените човечки животи.
Овој ужасен терористички чин е сериозен напад врз основните човекови права и слободи како врвна универзална, цивилизациска вредност.
Универзалните вредности на современата цивилизација и почитувањето на човекови права, слободата, еднаквоста и солидарноста се посилни од теророт и убеден сум дека САД ќе излезе уште посилна од овој терористички чин, којшто за жал однесе многу невини животи.Нашите мисли и молитви се со Вас“ стои во телеграмата на претседателот Заев.
Скопје,13.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА