fbpx

Ќе им посака ли „Курир“ пријатен престој во Грција на Тодоров и Коневски?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Медиумските курири на Никола Груевски се уште не им посакале пријатен прстој во Грција на министерот Никола Тодоров и градоначалникот Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ.

После бројните медиумски хајки што ги водеа граѓаните прашуваат ќе им посака ли „Курир“ пријатен престој на плажите во Грција на Тодоров и Коневски?

Молчат медиумските курири, платени со милионски суми, пари на граѓаните. Фатени се во тесно како лажат и манипулираат во заштита на Никола Груевски.

Уште еднаш се потврди дека лажниот патриотизам, медиумските хајки против претставниците на опозицијата и ширењето лаги се параван на криминалните активности на Никола Груевски и ништо повеќе.

Едно треба да биде јасно.

Ништо нема да го спаси Никола Груевски од одговорност.

Најмалку лагите и медиумските хајки што ги водат куририте против борците за демократија, невладините организации и граѓаните.

Правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара.

Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво.

Скопје, 12.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести