fbpx

Гласаше ли денеска Никола Груевски?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Влатко Ѓорчев денеска најпрво требаше да одговори за тоа како се збогатил и зошто ги криел приходите на неговата сопруга од 1.200 евра месечно.

Тој е олицетворение на лажните, лицемерни и корумпирани политичари на коишто не им веруваат ниту чесните членови во неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Со оглед на бетонираните избори коишто неговиот шеф Никола Груевски ги најавуваше за 5-ти јуни, денеска јавноста очекуваше Ѓорчев да ја соопшти излезноста на „изборите“ до 13 часот.

Гласаше ли денеска Никола Груевски?

Откако сите бетони на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се распрснаа не му останува ништо друго на Ѓорчев освен да се обиде ги брани криминалните политики на власта во заминување.

Се е јасно. Колку и да се плаши Никола Груевски, колку и да бега од граѓаните, уште едни криминални избори во Македонија нема да има.

Во Македонија ќе има само слободни, фер и кредибилни избори, со исполнување на сите услови.

Реформи со Никола Груевски, креаторот на целата државна, економска и политичка криза не се можни.

Излезно решение од политичката криза што ја создаде Груевски е можно со поништување на сите аболициии и спроведување на брзи, регуларни, фер, демократскии кредибилни избори.

Аболицијата што по нарачка на Никола Груевски ја испорача Ѓорге Иванов, ќе мора целосно да биде поништена, бегање од тоа нема.

Правдата ќе се врати, секој што го прекршил законот ќе одговара.

Нема спас за криминалното друштво на Никола Груевски.

Зборот е збор.

Скопје, 05.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести