fbpx

Медиумските курири се вистински платеници во заштита на криминалот на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во заштита на криминалот на власта медиумските курири водат хајки против независната институција Специјално јавно обвинителство.

Никола Груевски посебно го иритираат независните институции коишто вистински се борат против корупцијата и криминалот.

Тоа покажува колку Никола Груевски се плаши од враќањето на правдата и соочувањето со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите години.

Додека граѓаните крпат крај со крај и секојдневно ја напуштаат државата заради лошите, криминални политики на ВМРО ДПМНЕ, „Курир“ се полни со пари, со милиони евра.

Според официјалните документи од Централниот регистер, фирмата што се јавува како сопственик на „Курир“ за период од 4 години остварила приходи во висина од над 1,7 милиони евра.

Затоа токму медиумските курири се вистински платеници коишто се ставаат во заштита на криминалот на Никола Груевски.

Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата и слободата на медиумите.

Нема спас за Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Скопје, 04.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести