Соопштение за јавност
Катастрофалната состојба во којашто се наоѓаат патиштата во Македонија е последица на криминалното владеење токму на Никола Груевски и фамилијата.
Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ со години мислеше само на провизиите и коруптивните зделки.
Неуспешно ВМРО-ДПМНЕ се обидува да претстави дека се реализирани некакви инвестиции во патната инфраструктура.
Поради криминалните политики и зделки за богатење на фамилијата, Македонија стана слепо црево на Балканот. Бугарија го гради Коридорот 4, Македонија е веќе заобиколена.
Дополнително, во Македонија, според оценките на Светска банка, дури 60% од главните патишта во земјава се наоѓаат во лоша состојба.
Во споредба со регионот, Македонија одвојува многу малку средства и за одржување на патиштата.
Да потсетиме, во првиот квартал од оваа година има огромно потфрлање во реализацијата на капиталните инвестиции. Реализирани се само 16 проценти, а за патна инфраструктура незначителни 13 проценти.
За какви проекти во инфраструктурата говори ВМРО-ДПМНЕ? Најголемите нивни проекти се полнење на сопствените џебови.
Обновата на патната инфраструктура, изградбата на нови, современи, европски авто патишта во Македонија доаѓаат по демократските промени.
Скопје, 04.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА