fbpx

Силна поддршка за враќањето на правдата и демократијата во Македонија од социјалистите и демократи во ЕП

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Лидија Димова учествуваше на дебатата организирана од Европските социјалисти и демократи од Европскиот Парламент, на тема за надворешна политика на ЕП.

Димова се сретна со повеќе европски парламентарци, со британскиот пратеник Ричард Ховит, како и со Јорген Сил. На средбите се разговараше за актуелните политички случувања во Република Македонија.

Ховит и Сил, изразија загриженост за политичките случувања и побараа аболицијата од Ѓорге Иванов да биде целосно поништена. Силна поддржка и непречена работа на Специјалното јавно обвинителство мора да биде обезбедено.

Европратениците од групата Европски социјалисти и демократи, дадоа поддршка на граѓаните кои секојдневно протестираат за враќањето на слободата и демократијата во Македонија.

 

Скопје, 01.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести