fbpx

Во страв од враќање на правдата медиумските курири не го пренесоа ставот на ЕУ и САД за аболицијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лагите, измислиците и пропагандата на Груевски се секојдневие на медиумските курири.

Вчера, Европската унија и САД недвосмислено порачаа дека делумното повлекување на аболицијата од страна на Горѓе Иванов е неприфатливо.

Медиумските курири во страв од вистината и враќањето на правдата, не го пренесоа ставот на еврокомесарот Јоханес Хан дека oдлуката на Иванов за „поништување на помилувањата на само мал број на луѓе, не е доволна“. Како што е наведено во неколку наврати од страна на ЕУ, сеопфатно решение е клучно за да се избегне селективна правда.

Дополнително, американската Амбасада порача дека делумното или селективно поништување на помилувањето ќе го зголеми растечкото чувство на неказнивост во оваа земја.

За три години, “Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа медиумските курири се вистински платеници коишто се ставаат во заштита на криминалот на Никола Груевски и се најголеми промотори на лагите и манипулациите на врвот на ВМРО ДПМНЕ.

Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.

Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара.

 

Скопје, 28.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести