Мицкоски има нови кадри за Судскиот совет- бандата на власт бара спас во контролирано судство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

Мицкоски го турка неговиот план да избира нови судии од тефтерчето.

Тоа го прави веќе две години, сака целосна контрола врз правосудството.

Бандата бара спас од одговорност за криминалот, и тоа во контролирано судство и обвинителство.

Еве кои предлозите се буткаат за нови членови на Судскиот совет.

Кандидатката Емилија Алексовска која добила најмногу бодови од ВМРО.

Позната по јавните фалби на Мицкоски на социјалните мрежи. „Македонија со Вас е жива, повторно наша и горда“, вака го фалела Алексовска Мицкоски.

Во изборот на свои кадри во судството Мицкоски очигледно најмногу бодови носат јавните фалби за него на социјалните мрежи. Каков критериум.

Вториот кандидат, Џоко Диков исто така се врзува со ВМРО. Но скандалот тука е поголем затота што имал и кривична пријава.

Има фотографии со членови на ВМРО-ОКГ, пратеници, градоначалници. Една од нив, на прослава на победата на градоначалникот на Ново Село, исто така од ВМРО.

Партиските критериуми ги задоволил. Ајде да видиме дали ги задоволил стручните.

Диков го застапувал градоначалникот на Ново Село, против еколошките активисти а имал и кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.

Граѓаните сами нека проценат.

Ова се кадрите на Мицкоски, новите кандидати за судии од тефтерчето со кои треба да продолжи партизацијата и да се воспостави целосна контрола на правосудството.

Јавноста веќе знае дека тој процес е започнат и трае.

Данка Ристова, сопруга на Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш од ВМРО веќе беше избрана за членка на Судскиот совет.

Потоа, нејзиниот сопруг – Ацо Ристов Мицкоски си го избра за претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Поранешен градоначалник од ВМРО сега е на чело на регулатор кој треба да е независен, а неговата сопруга е во телото што одлучува за судиите.

Едни исти луѓе, врзани со Мицкоски треба да контролираат бизниси и судии.

Класична мафијашка структура.

Независните обвинители ги менува и ги нарекува медиокритети при телевизиско гостување, а новите ги поставува во живо. Нарачува процеси по телефон и од собраниската говорница.

Вториот извештај на ЕК во делот на судството е катастрофален. Наскоро се очекува третиот. Сето ова го прави затоа што не му е гајле за ЕУ. Се плаши од одговорност.

Со банда, нема независно судство. Има систем на контрола. Нема правда – напротив, има неправда.

СДСМ бара повлекување на овие предлози и избор на стручни и независни кандидати за судскиот совет.

Нашата порака е дека никој нема да се спаси, одговорност ќе има.

Кога власта ќе се врати во рацете на народот, целата бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред европско обвинителство.

Линк до видео: