fbpx

Македонија ја чека само едно: демократизација, враќање на правдата, слободата и европските вредности

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Измислените приказни за некакво украинско сценарио во Македонија се провиден и неуспешен обид на Никола Груевски, со помош на медиумските курири да ја дефокусираат јавноста од клучното прашање: одговорност за криминалната банда на власт.

Македонија ја чека само едно: демократизација, враќање на правдата, слободата и европските вредности.

Затоа Македонија е на нозе.

Заморени се граѓаните од сценаријата коишто во изминатите 10 години, ги поттикнуваше и ги реализираше криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, често помогната од коалицискиот партнер ДУИ.

Никола Груевски не може да излезе на крај со вистината и правдата, пораки што ги испраќа целата македонска јавност, обединета околу основните демократски принципи за враќање на правото и правната држава, за враќање на слободата и демократијата.

Граѓаните знаат дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се креатори на длабоката криза во земјава, со изборните грабежи и криминалот во изминатите 10 години.

Тие се подготвени на се само за да ја спасат сопствената кожа.

Но, бегање од правдата и одговорноста нема да има.

Правдата ќе се врати, секој што го прекршил законот ќе одговара.

Скопје, 27.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести