Соопштение за јавност
Нов дел од самонареченото мега интервју на Никола Груевски полно со нови лаги и нови фрустрации.
Граѓаните добро ги знаат шемите и договорите на Никола Груевски и Али Ахмети.
Прво, Груевски божем дава некаков предлог, секако во договор со неговиот партнер Али Ахмети, па потоа тој договор го опструириа или го руши токму Ахмети. Или обратно.
Тоа се доловите на Груевски и Ахмети. Така се блокираше и целосното поништувањето на срамната, незаконска и неуставна аболиција што по нарачка на Груевски ја испорача Иванов.
Груевски може да покаже јавно дека навистина се залагаат за воведување на активната регистрација, ама се плаши.
Еве, Собранието е свикано, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство, нека ги предложи и нека ги донесе потребните законски измени за да се воведе активната регистрација на гласачите.
Јасно е, Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, не е одвоена партијата од државата, срушена е техничката влада…само затоа што Никола Груевски бега од слобдни, фер, демократски и регуларни избори.
Тоа го покажа и интервјуто на Никола Груевски.
Знае и самиот Груевски дека ќе загуби на следните слободни, фер и регуларни избори.
Скопје, 27.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА