fbpx

Повеќе од една недела Цветков и Димовски се кријат од јавноста

Facebook
Twitter
LinkedIn

Повеќе од една недела актуелниот министер Цветков и аболицираниот министер Димовски се кријат од јавноста за скандалот со злоупотребите на парите од „јапонската помош“ и за договорот со Фактор Консалтинг.

Министерството преку соопштение потврди дека е формирана комисија. Токму тааа комисија во извештај доставен до министерот констатира дека од сметката на компензацискиот фонд повлечени се стотици илјади евра БЕЗ ПОКРИТИЕ.

Значи не дополнителниот заменик министер, туку тоа го констатирала Комисијата формирана од актуелниот министер Цветков.

Нема правдање дека таков извештај постои и е доставен до министерот. Токму тој извештај официјално е доставен и до Кабинетот на Дополнителниот заменик министер.

Во јавност презентиравме нови докази од кој се гледа дека од 2011 до 2016 година во фондот се наплатени 50.714.186 денари. Согласно договорот кој беше доставен до јавноста, Фактор Консалтинг покрај месечниот паушал ќе наплати и износ од 4.5 % од вкупно наплатениот износ на средства во фондот. Согласно овие официјални податоци тој износ е 2.282.138 денари. Но, од сметката на Јапонскиот фонд се исплатени 6 пати повеќе пари или точно 12.402.378 милони денари.

Вистината е како шило. Неможе да се сокрие. Ќе мора да одговорат на прашањата.

Како тоа може од сметка на министерството што е наменета за прибирање на стрaнска помош за развој на земјоделството некој да си повлече стотици илјади евра без покритие, констатирано од страна на Комисијата на министерството?

Како може да се исплаќаат овие средства од сметка која е строго наменска и може да се користи само за намена за револвинг набавка на земјоделска механизација?

Како може аболицираниот министер Љупчо Димовски да потпише ваков договор?

Кој ќе ги врати овие средства во Јапонскиот фонд ?

Одговорност мора да има и ќе има!

Уште еднаш бараме Владата веднаш да издвои средства за покривање на загубите во овој фонд а со тоа и овозможување на користење на овие неповратни средства.

 

Кабинет на дополнителен заменик министер
за земјоделство, шумарство и водостопанство
Љупчо Николовски

Последни вести