Соопштение за јавност
Паниката што владее во ВМРО-ДПМНЕ се пренесува и кај медиумските курири, платени со пари на граѓаните.
Медиумските курири хистерично шират лаги обидувајќи се да ја сокријат вистината дека Македонија се крена против криминалната дружина на Никола Груевски.
Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест од секојдневните протести за враќање на правдата, слободата и демократијата.
Едно е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста. Секој што го прекшил законот ќе одговара.
Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.
СДСМ е столбот на слободна и демократска Македонија.
СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.
Денес граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.
Скопје, 13.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА