Соопштение за јавност
Криминалец како што е Никола Груевски, аболициран од страна на нелегитимниот Горге Иванов, не може никого да матира.
Правдата ќе победи а со тоа и цела Македонија. Криминалната банда на чело со Никола Груевски ќе одговара согласно законите и пред граѓаните.
Очигледно и на Никола Груевски и на медиумските курири опцијата шах им се свртела мислејќи на казната што ги следува, олицетворена преку затворот „Идризово“.
Оттука, Груевски евентуално може да размислува како ќе ги матира своите поранешни и актуелни министри од криминалната банда кои ќе му прават друштво.
Навикнат да игра шах со половина украдени фигури, Никола Груевски ќе има време да вежба шах бидејќи долг престој го чека таму.
Претседателот на СДСМ, лидерот на демократска Македонија, е во служба на граѓаните и ќе ја превземе одговорноста за иднината на државата а не власта.
А кога Зоран Заев ќе биде премиер на слободна Македонија, во интерес на граѓаните, криминалците нема да бидат на власт туку на соодветно место за нив.
Поздрав од демократска Македонија!
Скопје, 11.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА