fbpx

Покачувањето на референтната каматна стапка е избрзан потег

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Иако не разбирам зошто НБРМ реагираше на соопштение во врска со аукцијата на државни хартии од вредност, спроведена од Министерството за финансии, сепак ќе одговорам на реакцијата.

Во текот на 2015 година во месеците февруари и јуни, НБРМ интервенираше на девизниот пазар со 153 милиони евра и 76,3 милиони евра соодветно. Односно со суми поголеми од интервенцијата во месец април годинава. Минатата година во услови на подлабока нерамнотежа на девизниот пазар, НБРМ не интервенираше со дополнителни мерки.

Во 2016 година во првите 3 месеци има пораст на депозитната база кај банките, отпочната е трета година по ред во дефлација, перформансите на банкарскиот сектор се подобрени, што може да се потврди и од финансиските извештаи за прв квартал 2016 година на трите водечки банки кои објавија за четири пати поголема добивка во однос на истиот период минатата година. Со други зборови, сите показатели упатуваат на непостоење на причина за подигање на референтната каматна стапка.

Дополнително нерамнотежата на менувачкиот пазар, која пред се беше од шпекулативен карактер, се смири уште пред антиинфлаторната мерка да има време да се ефектуира, што покажува дека истата беше избрзано донесена.

Се надевам дека нема да дојде до покачување на каматните стапки на кредитите, а со тоа граѓаните и стопанството да ја платат цената на избрзаните потези од страна на Гувернерот.

Исто така ја користам можноста да го потсетам Гувернерот Богов дека сеуште ми нема одговорено на мојот официјален допис од 01.03.2016 година, околу незаконски откажаната аукција на државни хартии од вредност, што требаше да се одржи на 02.02.2016 година.

 

Со почит,
Кабинет на Дополнителен заменик министер за финансии

 

Последни вести