fbpx

Македонија се крена против криминалната банда на Груевски, нема бегање од одговорноста

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ продолжува преку своите медиумски курири да шири невистини и пропаганда платена со пари на граѓаните, само со една цел – да ја сокрие вистината дека Македонија се крена против криминалната банда на Никола Груевски.

Ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумките курири. Нема бегање од одговорноста. Секој што го прекшил законот ќе одговара.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ е столбот на слободна и демократска Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Сите граѓани на Македонија заедно се носителите на промените за подобра и сигурна иднина.

Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест од секојдневните протести за враќање на правдата, слободата и демократијата.

Скопје, 11.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести