Соопштение за јавност
Филипче: СДСМ ќе се спротистави на секој обид за прикривање на вистината или правдата за Кочани
СДСМ будно ќе го прати целот процес на судењето за трагедијата во Кочани и ќе се спротивставиме на секој обид за манипулација или за прикривање на вистината или правдата, порача на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека СДСМ нема да се октаже од барањето за поддршка на семејствата и откривање на вистината за трагедијата кога во пожар загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени.
„Затоа побаравме и Анкетна комисија во Собранието.Во текот на вчерашниот ден во Собранието го доставивме и формално тоа барање, што значи дека ке ги искористиме сите демократски механизми да се истражи секој детал од ова трагедија“, рече Филипче.
Тој додаде дека судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е тест за целото општество и затоа мора да се води отворено и пред очите на целата јавност.
„Нема да се откажеме од намерата да останеме цврсто во одбраната на јавниот интерес, ќе користиме сите демократски алатки кои што ни се нудат и како политичка партија и преку Собранието и расправите кои што ги побаравме, за да вистината конечно излезе на виделина“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.




