Соопштение за јавност
Почитувани,
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од генералниот секретар и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и членот на Извршниот одбор, Едмонд Адеми
е во еднодневна работна посета на Загреб.
Предвидени се официјални политички средби, а претседателот Заев ќе се сретне и со претставници на дијаспората од Македонија во Хрватска.
Работниот ден претседателот Заев ќе го почне со средба со претседателот на Социјалдемократската партија во Хрватска, лидер на опозицијата, Зоран Милановиќ, по што претставниците на двете паритии ќе имаат и работен ручек.
Претседателот Заев во овие моменти е со претставници на Македонско – хрватската тангента и од Советот за македонско национално малцинство кои го пречекаа и со кои во текот на денот ќе оствари и официјален состанок.
По средбата со Милановиќ и со преставниците на дијаспората, делегацијата на СДСМ, предводена од претседателот Заев ќе се сретне и со поранешниот претседател на Р.Хрватска, Стјепан Месиќ.
11.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА