Соопштение за јавност
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува целосна поддршка на Првомајскиот проглас на Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права до работниците, работничките и сите граѓанки и граѓани на Република Македонија.
Програмата на СДСМ предвидува систем кој ќе обебзеди пристојни, бебзедни и хумани работни места за сите работници во Македонија. Обединето со синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права креираме работни места кои се трајното и одржливо решение на постојните егзистенцијални проблеми на граѓаните на Македонија.
Во рамките на политиката за вработување ги коригираме пазарните неправилности. Нема да дозволиме експлоатација на работниците и кршење на нивните права. Гарантираме заштита на работничките права во Законот за работни односи и договарање на работните односи преку колективен договор во приватните компании.Системот за безбедност и здравје при работа ќе биде во согласност со европското законодавство.
Со примена на принципите на праведност и стручност при вработувањето и објективност при унапредувањето и наградувањето на вработените во јавната администрација, ќе создадеме администрација ослободена од партиските спреги. Администрација што ќе се посвети на решавање на проблемите на граѓаните и деловните субјекти, почитувајќи ги начелата на законитост и непристрасност при вршењето на должноста.
Денес заедносо сите работници и работнички го креваме гласот на протестниот марш!
Скопје, 02.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА