Соопштение за јавност
Стар рецепт на Груевци, кога не оди објави анкета, туку што вели анкетата за бомбите?
Кога не оди – објави истражување. Напиши – никогаш подобар рејтинг.
Од каде сега им идеја за истражување на јавното мислење кога нема ништо во најава? Кој воопшто сега спроведува анекти?
Го прашавме АИ кога нема смисла да се објавуваат резултати од анкета. Еве што го добивме како одговор:
Кога се очекува истражувањето да служи како пропагандна алатка!
Ако е намерата:
• Да се „напумпаат“ резултатите,
• Или да се користи за медиумска манипулација,
Тогаш тоа не е истражување во професионална смисла, туку ПР на власта. Како аналитичка алатка – нема никаква вредност.
Тоа го кажува АИ.
А ние имаме едно прашање до ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски:
Што вели истражувањето за бомбите 2.0 на СДСМ?



