fbpx

Медиумските курири се продолжена рака на хибридниот режим

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ продолжува преку своите медиумски курири да шири невистини и пропаганда платена со пари на граѓаните, само со една цел – да ја сокрие вистината.

Криењето на вистината, селективното објавување на информации и пропаганда подготвена во ВМРО-ДПМНЕ е секојдневие за овој медимските курири кои се продолжена рака на овој хибриден режим.

Затоа веста дека Македонија, единствена од регионот, веќе не е слободна држава, потврдена од страна на Freedom House, не ја објави ниту еден од медиумските курири.

Со тоа во целост се потврди дека во медимскиот мрак на Никола Груевски, платен со пари на граѓаните, нема место за вистината.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се трите главни провладини мегафони, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Едно е јасно. Ништо нема да им помогне, правдата ќе ги стигне сите.

Македонија е на нозе.

Скопје, 28.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести