Европа во Извештај на ЕП ја кажа поврзаноста на ДПМНЕ со „српскиот свет“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не само СДСМ, туку Европа ја покажа поврзаноста на Владата на ДПМНЕ со „српскиот свет“ и негативностите за Македонија од тоа.

Во ставот 28 од Извештајот на Европскиот парламент, се истакнува дека Македонија и земјите од Западен Балкан се „особено погодени од странско мешање, хибридни закани и дезинформации, особено од Русија и Кина“.

Се изразува и аларм за улогата на Унгарија и Србија во поддршка на геополитичките цели на Москва и Пекинг, при што се спомнува и неодамнешниот заем од Унгарија, кој наводно, потекнува од кинески извори.

Во членот 35 се изразува загриженост поради т.н. проект „српски свет“ и фактот што некои претставници на Владата на Северна Македонија застапувале и промовирале ваков концепт.

Значи, се споменува многу конкретно концептот „српски свет“ и тоа во институцијата на ЕУ од највисок ранг.

Граѓаните многу добро ја гледаат поврзаноста на ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со СНС на Вучиќ и Фидес на Орбан.

Денеска претседателот на СДСМ кажа дека ДПМНЕ веќе го започна „српското сценарио“ во Македонија.

Лажни вести, политички прогон, напад на новинари, се е тоа едно исто, копи-пејст.

Токму денеска за време на посетата на Вучиќ на Брисел, Претседателката на ЕК, Урсула вон Дер Лајен ги потенцираше владеењето на правото и слободата на говор.

Веднаш после тоа за прв пат белградската полиција се јави во врска со нападот на новинарската екипа на N1 која се случи пред одреден период.

Дали е ова случајно? Да се случи напад и на новинарите на Инфомакс.

Дали толку многу исти работи може да се случат во ист ден?

Киртика на Вон Дер Лајен за слобода на говор во Србија и напад на новинари на Инфомакс во Македонија?

Дали работите кои се случуваат во Белград и Скопје се водат од еден ист центар?

Што е целта на ова? Србија одамна е изолирана од ЕУ, а Македонија од ЕУ ја изолираше ДПМНЕ .

Црната точка на Европа, ВМРО-ДПМНЕ ја прошири со Македонија.

Сè е јасно!