fbpx

Нервозаната реакција на Иванов ги потврди релациите со фирми од Панама

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со денешната нервозна реакција Ѓорѓе Иванов само го потврди она што го покажуваат и официјалните документи на Централниот регистар:

Лип Корп Панама е основач и сопственик на фирмата Делфино травел Балканс. Сашо Тоневски, братот на Маја Иванова, е исто така еден од сопствениците и управител на оваа фирма, Делфино травелс Балканс.

Оттука, јасно е дека братот на Маја Иванова, Сашо Тоневски имал бизнис релации со фирмата ЛИП Корп Панама Сити од Панама.

Пред само неколку дена, на 12.04.2016 година, или во време кога почна да се шири скандалот со перењето пари во панамски фирми,

Делфино травел Балканс згаснува и ја бришат од Централен регистар.

Бидејќи Иванов е добро запознаен со сметките на оваа фирма токму тој треба да одговори за сите трансакции.

Неоснованите заканите со некава тужба на Суд од страна на човекот кој прогласи аболиција за криминалната банда на Никола Груевски се смешни и несериозни.

Токму Иванов со антидржавната аболиција спротивна на Устав и Закон го укина владеењето на правото во земјава, за што Македонија е на нозе.

Како што тргнал со антидржавните аболиции, дали Иванов планира да прогласи аболиција и за лица од неговото блиско семејство?

 

Скопје, 24.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести