Соопштение за јавност
Мигранти и пари.
Со кредитот од 6 милијарди евра да ги плаќаме мигрантите, да ги храниме и да ја плаќаме изградбата на социјални станови за нив.
Така изгледа „патриотската“ политика на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ ја внесе Македонија во НАТО за да ја обезбеди безбедноста и државните граници, а ВМРО-ДПМНЕ ни ја загрозува безбедноста со планови за носење мигранти за пари.
Државата нема пари, па ќе земе кредит што ќе го враќаат нашите деца, за да сместиме мигранти кои другите земји од ЕУ ги исфрлаат за да ја зачуваат безбедноста во своите држави – безбедноста на сите свои граѓани, на своите деца.
Вчера видовме дека не се способни да обезбедат ниту еден мал прифатен центар, кој мигрантите го демолираа, а камоли да обезбедат сместување за голем број мигранти во Македонија.
Во Албанија веќе пристигнаа првите мигранти. Во Косово веќе пристигнуваат депортирани мигранти, а сите знаеме која држава е следна – Македонија.
Вака не може, Мицкоски!
Борбата почна и нема да застане!

