fbpx

Правдата ќе го стигне Никола Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Единствената причина поради која Македонија се наоѓа во длабока политичка криза е криминалното владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ коишто ги краделе и парите и гласот на граѓаните.

Единствената причина за продлабочување на кризата во земјава е нарачаната аболиција за Никола Груевски и злостроничкото здружение, реализирана со незаконска и неуствна одлука на извршителот Иванов.

Да не беше срамната одлука на неговиот пулен Горге Иванов, правдата веќе ќе го стигнеше Никола Груевски.

Нема да дозволиме една мала криминална банда, на чело со Никола Груевски, Ѓорѓе Иванов и Трајко Вељаноски да ја држи во заложништво цела Македонија.

На политичката криза наметната од страна на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе и дојде крајот на следните фер и демократски избори, со прочистен избирачки список, слободни медиуми и одвојување на партијата од државата.

Одговорноста е нивна и секој што го прекршил законот ќе одговара.

Затоа Македонија е на нозе.

Или Груевски или Македонија.

Скопје, 21.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести