fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и направи саботажа на Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и направи саботажа на Република Македонија, на нејзините национални и државни интереси.

Криминалното, неодговорното, деструктивно и антидржавно однесување на злосторничкото здружение на Никола Груевски ја предизвика кризата во земјава со изборни грабежи и фалсификување на вистинската волја на граѓаните.

Соочени со страв од одговорноста за криминалот, само за спас на сопствената кожа, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја втурнаа Македонија во уште подлабока криза.

Македонија се наоѓа во најголемата криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.

Затоа е погребан Договорот од Пржино. Затоа не е прочистен избирачкиот список, нема реформи во медиумите, не е одвоена партијата од државата.

Денеска и Европската унија потврди дека прекршувањето на Договорот од Пржино ќе има сериозни последици врз државата.

Оттука е констатацијата дека постојните проблеми со владеењето на правото го поткопуваат договорот и мора да се решат без одложување. Ова особено се однесува на нарачаната одлука на Иванов за аболиција.

Јасно е, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од слободни, фер, кредибилни и демократски избори и затоа ги држат граѓаните како заложници.

Македонија е на нозе и тоа нема да го дозволи.

Демократска Македонија нема да дозволи Никола Груевски да ја држи во заложништво иднината на земјата.

Во Македонија мора да има и ќе има фер и демократски избори, со прочистен избирачки список, реформи во медиумите и одвоеност на партијата од државата.

Или Груевски или Македонија.

 

Скопје, 21.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести