Соопштение за јавност
СДСМ, сите слободоумни граѓани и цела демократска Македонија го цени фактот што Европската унија потврди дека неопходните услови што треба да се исполнат се клучни за преговарачкиот процес да стане возможен.
Политичките партии имаат обврска пред граѓаните на Република Македонија да ги исполнат сите услови што ги презеле за слободни, фер и кредибилни избори.
ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже дека договореното ќе го почитува.
Скопје, 21.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА