Филипче: Власта брза со избори напролет за да го протне проектот мигранти за пари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Власта брза со избори напролет за да го реализира проектот мигранти за пари, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во денешната емисија „360 степени“ на МТВ.

„Така ги толкуваме еден дел од неговите изјави (на премиерот Мицкоски): Немало да има мигранти до март, па после до април, еве сега до јуни. Јас сметам дека гледаат како им се топи кредибилитетот кај граѓаните, како ги губат гласачите – веќе 140.000 гласови изгубија за две неполни години. Пола од мандатот помина лани, што не направија, што направија? Ништо. Ние за пола мандат ги дуплиравме платите на докторите, што направи оваа влада? Две години поминаа, ќе видите , вака ќе биде, така ќе биде, ова ќе правиме, она ќе правиме, а они мигранти носат за пари во позадина. Така да ја сметам дека една од опциите е избори за после да го реализира тој проект“, посочи Филипче.