fbpx

Македонија се крена, Иванов мора да ги повлече одлуките и да замине

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонија се крена на нозе во одбрана на уставниот поредок, државноста и законите.

За да се заштити себе си и криминалната банда околу него, Никола Груевски нарача, а Иванов спроведе државен удар.

Иванов го амнестираше Никола Груевски 5 пати, Миле Јанакиевски 16 пати, Гордана Јанкуловска 13 пати, со што стана соучесник во злосторничкото здружение на штета на граѓаните, уставниот поредок и законите во Република Македонија.

Уставот е срушен, погазени се законите.

Договорот од Пржино е погребан, техничката влада ја укинаа.

Избирачкиот список не е прочистен. Нема реформи во медиумите. Притисоците и мешањето на партијата и државата продолжуваат.

Затоа целата демократска Македонија порача дека на 5-ти јуни избори нема да има!

Битката за Македонија продолжува.

Лицето Ѓорге Иванов мора да ги поништи сите одлуки за помилување од 12.04.2016 година, што ги донесе по нарачка на Никола Груевски и мора веднаш да замине од позицијата.

Овој тим на злосторот мора да замине а злосторничкото здружение да одговара.

Граѓаните тоа го знаат и затоа се на нозе, затоа се со СДСМ и сите демократски сили во борбата за слободата и демократијата.

Или Груевски или Македонија!

Скопје, 17.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести