fbpx

СДСМ Прилеп: Денот на смртта на Тамара да биде ден на борба со сколизозата во Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Во организација на Комисијата за здравство и Комисијата за образование при ОО СДСМ Прилеп, вчера се одржа едукативна трибина на тема „Сколиоза – состојба, а не болест“.

Со свои стручни излагања по темата се обратија Dr sci Гордана Антулеска Белческа – Специјалист радиолог, којашто направи осврт на медицинскиот аспект на проблемот со сколиозата кај младата популација и м-р Јасмина Мицеска со фокус на појавата на сколиоза во образовниот процес на младите.

Последните податоци говорат дека постои пораст на појавата на сколиоза кај децата, а како причинители за тоа, покрај физичката неактивност и лошата навика на седење пред компјутер, се наведуваат и прекумерниот обем на часови, тешките училишни торби и неприлагодената висина на училишното столче.

Беа изнесени предлози за зголемување на бројот на часови по физичко образование во училиштата, како и вршење на систематски преглед секоја учебна година, со цел подобрување на состојбата со сколиозата кај учениците.

Исто така се нагласи потребата од донесување национална стратегија за борба со сколиозата во Република Македонија.

Како заклучок од дебатата произлезе предлог за покренување иницијатива, 9-ти Февруари – денот на смртта на малата Тамара од Велес, да биде прогласен за ден на борба против сколиозата во Македонија.

 

 

 

Последни вести