fbpx

Средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со коалициските партнери од опозицијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска се сретна со партнерите од здружената опозиција.

СДСМ и коалициските партнери едногласно заклучија дека се подготвени за избори во секој момент на коишто постои цврста убеденост дека промени ќе се случат, но дека обврска на сите институции и политички субјекти е во Република Македонија да се спроведат фер и регуларни избори.

Без прочистен Избирачки список не може да бидат организирани и спроведени фер и регуларни избори. Оттука СДСМ и коалициските партнери очекуваат реална оценка од Државната изборна комисија којашто ја има одговорноста за доверлив Избирачки список.

СДСМ и коалициските партери потсетуваат дека неколку изборни циклуси по ред во Република Македонија се спроведуваат нерегуларни избори, на коишто не се почитува изборната волја на граѓаните на Република Македонија, што нанесува непоправливи штети како на граѓаните така и на интеграциите на државата на меѓународен план.

Од 2011 година кога беше апсењето на Љубе Бошковски и затворањето на А1 телевизија, рушењето на Космос, насилното исфрлање на новинарите и пратениците од Парламентот во 2012 година, изнуденото одење на избори 2013 година, од проектот Вистината за Македонија и се што следуваше потоа, јавноста се увери дека се случувала вистинска изборна кланица, вклучувајки ја и кулминацијата на изборните измами и нерегуларности во 2014 година, поради што опозицијата не ги призна изборите.

Уште едни нерегуларни и недемократски избори во Македонија нема да се случат. Опозицијата останува гарант на ваквите заложби.

 

 

 

Последни вести