Мицкоски доби нови инструкции од СНС

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денес официјално започна втората фаза од кампањата што ја водат СНС и Александар Вучиќ во Македонија, преку својата испостава – ВМРО Ванчовистичка.

Кампањата се темели на целосна поделба на општеството.

Мицкоски во последно време повеќепати користи исклучително грд наратив кон граѓаните на Македонија. Денес, во Собранието, тој инсистираше секој граѓанин што не ја поддржува неговата политика да биде опишан како, цитираме: „талог на општеството“.

Секој што е против изолацијата на Македонија и против отстапувањето од европскиот пат на интеграции, според него, припаѓа на таа група.

Ова веќе со години го гледаме кај Вучиќ и СНС, а особено во последната година, кога народот се крена против криминалот и корупцијата.

На пример, тој сите што протестираат ги нарекува: провокатори, хулигани, битанги, бараби, лажговци и Усташи.

Од друга страна (и не може да се каже дека е навистина друга страна, туку истата СНС страна, само испостава за Македонија), Мицкоски има сопствена ризница на навреди за сите граѓани што копнеат по правда и слобода.

Луѓето што сакаат Македонија да биде европска држава ги нарекува: талог на општеството, лешинари, глодари, аналфабети, маргинални ликови итн.

Дали е случајно што токму денес, кога Мицкоски во Собранието го повторува и нагласува изразот „талог на општеството“, нарекувајќи ги со тоа погрдно име сите слободни граѓани на Македонија, во исто време Саша Богдановиќ ги нарекува усташи?

Не, не е! Започна акцијата за спасување.

За граѓаните да сфатат зошто сето ова се прави – и зошто токму сега сакаат да ги запрат процесите на интеграција и да ја остварат својата цел: изолација на Македонија. Само така можат да се спасат од затвор. Сакаат да го прикријат криминалот и корупцијата што се поврзани со сите врски до Белград и со Вучиќ.

Зошто токму сега и зошто се планираат избори, а потоа и мигранти (без право на враќање во ЕУ)?

Оваа паника на ВМРО Ванчовистичка и ЗНАМ настана поради изгласувањето на посебниот американски Закон за Балканот, со цел спречување на криминалот и корупцијата, кои достигнаа такво ниво што Америка сега директно се занимава со тоа. Со доаѓањето на новиот амбасадор, очекуваме и експресна примена на овој закон. Само во изолирана држава можат да избегнат соочување со правдата.

Вучиќ на почетокот на годината јавно откри дека во рамки на својата партија има т.н. „лојалисти“, со кои управува неговиот брат. Граѓаните можеа да ги видат пред Собранието, облечени во црно, во полу-униформи и со качулки на главите.

Медиумите дури пренесуваа дека веројатно се и вооружени. Нивната цел е заштита на Александар Вучиќ. Оваа единица „лојалисти“, формирана како паравоена единица во Србија, не одговара пред законот (поради неспроведена реформа на правосудството), иако постојат бројни тужби против членови кои вршеле тепања на студенти и мирни демонстранти.

Вучиќ во Србија има „лојалисти“, а денес сфаќаме дека и ВМРО има свои „Ванчовисти“. Овие „лојалисти“ на Вучиќ, како што самиот вели, му се колнат на верност во мала црква во Србија, па се прашуваме – каде се колнат нивните браќа Ванчивистите од ВМРО-ЗНАМ?

Можеби во Алта банка?