Соопштение за јавност
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, заедно со претседателката на Општинската организација на СДСМ Прилеп, Петра Лукароска, и претставници од општинската организација, оддадоа почит и положија свежо цвеќе пред споменикот „Жена борец“, на Могилата на непобедените и во меморијалниот Музеј „11 Октомври 1941“, односно во зградата на поранешниот участок, во Прилеп.
Жртвата на борците од НОБ е вградена во темелите на македонската државност, а нивната храброст и непокор се траен потсетник дека слободата, правдата и достоинството се вредности за кои борбата продолжува – напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Фејсбук.
СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните и на вредностите на антифашистичката борба. Тоа наследство претставува аманет и обврска да ја чуваме државата, да ја развиваме и да создаваме подобра иднина за генерациите што доаѓаат.
Филипче порача дека нашите предци, борците од НОБ, се изборија да имаме своја држава, наша историска задача е да се избориме нивната жртва да има смисла, Македонија да биде слободна, праведна, демократска и европска држава во која младите ќе ја градат својата иднина.



