fbpx

Борбата против корупцијата и криминалот внесува сериозен немир во ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се фатени во криминал, корупција и изборен грабеж.

Очигледни се стравот и паниката во ВМРО-ДПМНЕ од соочување со одговорноста за криминалот и корупцијата во изминатите 10 години.

Граѓаните знаат зошто ВМРО-ДПМНЕ е во паника и зошто покажува огромна нервоза од професионалната и одговорна работа на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Нема веќе МВРО-ВМРО. Се работи по Устав и Закон, во интерес на сите граѓани и во интерес на Република Македонија.

Борбата против криминалот и корупцијата внесуваат немир во ВМРО-ДПМНЕ. Нема бегање од одговорноста. Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Значењето на зборовите професионалност, департизација, транспарентност, одговорност се мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ.

Мерките од програмата на СДСМ носат нова економска политика, којашто со тимска работа, ќе донесе подобар живот на граѓаните, но, ќе гарантира и владеење на правото , бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, почитување на човековите права и еднакви можности за сите.

СДСМ се обврзува на целосна департизација на институциите. Ќе обезбедиме целосно владеење на правото, законите да важат за сите подеднакво.

Департизирана и професионална полиција којашто ќе им служи на граѓаните е нашата цел.

По демократските промени, државните институции ќе бидат департизирани, деполитизирани и професионални, во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

 

Скопје, 03.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести