Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче, на денешната прес – конференција упати порака до Мицкоски, дека ќе дојде време кога неговата пропаганда ќе се извинува исто како што тоа сега го прави пропагандата на Вучиќ во Србија.
Филипче нагласи дека влијанието што Мицкоски го спроведува врз медиумите директно ја загрозува демократијата, слободата на медиумите и слободата на говорот и додаде дека и во европските извештаи е нотирано дека нема напредок во медиумската сфера, што е сериозен проблем за демократските процеси во државата.
„Тоа го гледаат и граѓаните, го гледа и Европа. Влезено е во извештаите дека нема напредок во сферата на медиумите. И тоа е еден од најсериозните проблеми. Загрозувањето на демократијата и слободата на медиумите и слободата на говорот е еден огромен проблем“, рече Филипче.
Тој потсети дека вчерашното признание на Мицкоски во интервју за телевизија Телма дека е нормално да се нарачуваат медиумски текстови, само потврдува како се нарачуваат медиумски содржини и додаде дека со години, преку антиевропоска пропаганда се работи на политичка промоција на Мицкоски.
„Тоа ли го прави Христијан Мицкоски? Секојдневно. Нарачува лажни текстови, медиумски линчови, пропаганди, оцрнување и така натаму.Ете таков човек ја води државата. Тој треба да знае дека Фајненшл тајмс не му е Алфа телевизија, и неговите протагонисти во медиумите Латас, Геровци, па да напишат сè што тој ќе им нарача, затоа што ќе им дојде крајот на тие работи, на тие црни пропаганди, ќе дојде време кога ќе се извинуваат, исто како што сега тоа го прави пропагандата на Вучиќ во Србија“, рече Филипче.
Линк до видео:
