fbpx

За 11 години криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ ја запустија општина Аеродром

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во паника и очај единствено нешто што им остана на ВМРО-ДПМНЕ е да пишуваат празни соопштенија, полни со лаги, со кои се обидуваат да го одбранат она што не може да се одбрани.

На криминалната структура во ВМРО-ДПМНЕ не им се важни проблемите на граѓаните, туку своите бизнис интереси.

Затоа во Аеродром нема нови градинки, културен центар, термо фасади, социјален фонд, затворен базен, сала за хокеј, затворен пазар, нови паркинзи….

Токму ВМРО-ДПМНЕ не ги прифатија амандманите на СДСМ и коалицијата за изградба на нови градинки, културен центар, термо фасади. Наместо нова градинка, за ВМРО-ДПМНЕ приоритетно беше да се одвојат 40 милиони денари за опремување на парк наспроти Мајчин дом.

ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори на граѓаните во Аеродром зошто е против општината да има социјален фонд, зошто одбија стипендии за талентирани ученици и спортисти. Зошто беа против обезбедувањето во училиштата да го плаќа општината наместо родителите.

Ветената изградба на културен центар, општинска зграда, затворен базен, сала за хокеј, затворен пазар, нови паркинзи, стипендии, како и многу други ветувања, не се реализирани воопшто.

Кога ВМРО-ДПМНЕ вели дека работи отчетно, треба да се запраша себеси зошто не се отчетни за тоа како ги трошат парите на граѓаните.

Затоа Аеродром бара промени.

По демократските промени доаѓа создавањето на подобри услови за живеење во Аеродром.

Целта на СДСМ е зголемување на капацитетите на градинките, зголемување на зеленилото, инвестиции во еколошки проекти, реконструкција на постоечките пешачки премини за пристап на лица со посебни потреби, реконструкција на оштетените фасади на објектите за домување и изработка на термо фасади, како и многу други проекти.

 

 

Последни вести