Соопштение за јавност
По усвојувањето на Резолуцијата за забрана на слободата на говор, по примерот на Декретот на Третиот рајх, ВМРО требаше да остави место во ова козметичко „средување“ на Владата и за најважната функција – министер за пропаганда, како што на Хитлер му беше Гебелс.
Со тоа Владата целосно би се усогласила со владата на Третиот рајх. Местото за нивниот најважен нов/стар министер за пропаганда – Геро.
Во новиот текст Геро, т.н. новинар и уредник (какво богохулење), влегува во својата втора фаза на докажување на послушноста кон СНС и ВМРО. Тој прифаќа и јавно се декларира дека е Ќаци. Ја презема препишувачката, ресавската, ќаци-школа и во свој стил копира реченици од соопштенијата на СДСМ. Следно е да го извади слоганот на СНС „Предавањето не е опција“ – а не, тоа веќе го има изјавено во свој стил на Фејсбук, како и во споменатиот текст.
За да не се занимаваме премногу со неговиот текст (ако воопшто така може да се нарече), бидејќи навистина не заслужува внимание, освен да го напоменеме простачкиот и примитивен начин на пишување, што е во согласност со вистинската ќаци-школа.
Она што е важно е дека ниту во еден момент Геро не ја демантира (веќе трет ден) својата соработка со Деспотовски (што не го направи ниту тој).
Што прави Геро Ќаци?
Пишува исклучително долги текстови со објаснувања, појаснувања… оправдувања! Сето тоа проследено со простаклук и закани.
Само за да им објасниме на граѓаните зошто ги пишува своите текстови толку долги, во томови:
Психологијата на лажењето и однесувањето под обвинение ја објаснува оваа разлика преку когнитивниот пристап кон измамата, каде што лажењето бара значително повеќе ментални ресурси отколку кажувањето на вистината.
Кога некој лаже, мозокот мора да ја потисне вистинитата информација, да создаде алтернативна приказна, да ја одржува конзистентноста и да предвидува можни противречности. Тоа доведува до поголем напор, што се манифестира како подолги, исцрпни и често непотребно детални оправдувања.
Ова е затоа што лажењето не е автоматско, туку бара активно управување со лагите, што може да резултира со претерани објаснувања дури и за ситни детали, со цел да се избегне разоткривање.
Наспроти тоа, кога некој ја кажува вистината, нема потреба од таков дополнителен когнитивен напор, одговорот е директен, заснован на реални сеќавања или факти, па оправдувањето се сведува на минимум. Бидејќи вистината „стои сама за себе“ без потреба од дополнителна елаборација за да се одржи.
Истражувањата покажуваат дека лажењето генерално трае подолго од кажувањето на вистината токму поради овој процес на инхибиција на вистината и конструирање на лагата.
Се надеваме дека на граѓаните сега им е сè јасно. Вистината секогаш победува.
Сето ова нема да го спаси од одговорност.
Во Нирнберг, чуварите на логорите изјавуваа дека само извршувале наредби и си ја работеле работата, но сепак беа осудени.
Уште еден детал што ни падна в очи. Геро вели дека ние сме го нарекле „алфа анти-СДСМ“ – не, напротив, ние само го цитиравме. Уште една лага што ни кажува што?
Сам се прогласил за Алфа.
Ова често делува контрапродуктивно и може да биде знак на несигурност. Кога некој сам ќе се прогласи „јас сум алфа маж“, тоа може да изгледа како обид за самопромоција или компензација за недостаток на вистинска самодоверба.
Психолошки, ова се објаснува преку „Данинг-Кругеровиот ефект“ (кога неспособните се преценуваат себеси) или нарцизам, каде што личноста претерано ги истакнува сопствените квалитети за да ги прикрие слабостите.
И да бидеме јасни! Геро, не си ти за нас „Алфа“, ти си за нас повеќе АЛТА „новинар“.
И за крај, да му кажеме на новиот министер за пропаганда дека ја знаеме старата изјава на Гебелс од митингот во Нирнберг, 1934 година:
„Обвини ја другата страна за она за што самиот си виновен.“
Само сети се, Геро, ако знаеш, Ќаци – токму таму, по војната, сите беа осудени!
П.С. Покрај пријавата до ЗНМ, очекувај и пријава до полицијата за ова твое: „Другарчиња, ве чекам на нишан!“, па да видиме како функционираат институциите.

