Соопштение за јавност
Героски, Геро, Геричи, Фрљо, Фрфљо, како и да се нарекува самиот себе си, е вистински пример како еден непрофесионален, некултурен, и може да се каже фрустриран човек, може да се сокрие зад новинарска легитимација и зад слободата на говорот за да плука отров по сите што не му одговараат.
Со години го користи својот „Алта“ (за себе мисли дека е „Алфа“) финансиран проект, наречен портал, и ја злоупотребува новинарската професија. Пишува колумни полни со навреди, пцости и лични напади, сè под превезот на „слободата на изразување“ и новинарската дејност.
Фрустриран губитник – финансиски добитник, кој не може да поднесе дека СДСМ прави нешто добро, па обвинува за сè и сешто, од корупција па се до „јадење г…“, како што самиот пишува.
Човек кој со години шири омраза, ги навредува луѓето по име, ги нарекува „будали“, „крадци“ и со уште полоши термини, а потоа кукавички се крие зад „слободата на изразување“. Големиот „херој“ го покажува своето вистинско лице – лицето на кукавица.
Наместо сето ова што го пишува, на пример за тоа каде го криел оружјето (сега вели дека таму не било), може да отиде во полициска станица и таму да го каже, каде што му е местото, а не кукавички да пишува јавна „одбрана“.
Јавно им се обраќа на министерот и директорот на безбедносната служба (очигледно добро се познаваат) и им упатува порака случајно да не им падне на памет да го повикаат на информативен разговор, по јавно упатените закани кон СДСМ!
За да не биде премногу кукавички, во својот текст на „правдање“ патем ги навредува и омаловажува и припадниците на полицијата.
Тој вели дека во полицијата има „некои образовани луѓе“ па можеле да погледнат на интернет?
До каде оди неговата безобразност – ја понижува и полицијата! Уште и нагласува: „Евентуално, ако тоа не е доволно, можат да консултираат јазични експерти какви што постојат во МВР, или дури и независни експерти.“
Дали тоа значи дека за него и полицајците се глупави, како и сите што не го поддржуваат неговиот финансиран „Алта“ систем на вредности?
Со ова јавно покажува дека не верува во системот и дека не се плаши од него, бидејќи работи токму за тој систем на вредности што го претставува ВМРО-ЗНАМ.
Што всушност претставува Геро (или како и да се нарекува овој „херој“)? Борец против системот? Не, тој е само платеник, финансиран од оние што го мразат СДСМ, како групата ВМРО-ЗНАМ – односно подружницата на СНС во Македонија. Од оние на кои не им треба правна држава, туку држава без систем, која овозможува криминал и корупција.
Неговите колумни не се новинарство. Да беа неговите текстови во печатена форма, граѓаните би знаеле за што би биле добри – за читање сигурно не.
Геро е голем срам за новинарската професија. Валкањето на оваа важна професија и на неговите колеги, кои треба да бидат во служба на информирањето на граѓаните на Македонија, заслужува целосна осуда, не само од новинарските здруженија, туку и од целата македонска јавност.
Наместо да биде новинар што ја бара вистината, тој стана кловн што ги забавува екстремистите.
Сето ова не би било толку важно доколку не учествува во кампањата на ВМРО-ЗНАМ за поделба на граѓаните на Македонија. Овој дел од кампањата, преземен од централата на СНС, видовме што ѝ направи на Србија. Тука тоа не смееме да го дозволиме.
Слободата на говор не служи за навредување и закани, туку може и треба да служи како инструмент за вистинито и целосно информирање на јавноста.
Поради сето ова, СДСМ ја поднесе и четвртата пријава до ЗНМ. Од ЗНМ побаравме најостра осуда на делата на Героски. Од институциите не бараме само осуда, туку и примена на сите постојни механизми за ваквиот начин на комуникација да не продолжи.
Ако еден новинар може да биде толку безобразен и примитивен, тогаш како некој да го осуди семоќниот премиер (организаторот на криминалната група ВМРО–ЗНАМ), кој народот го нарекува „талог на општеството“, а во најновото новогодишно интервју сите политички неистомисленици – „медиокритети“.
Покрај одговорот од ЗНМ, очекуваме и полицијата да покаже дека не е под контрола на овие групи, против кои јавно се заколна дека ќе се бори.

