fbpx

Николовски во Делчево: Ревизија на доделеното земјиште и враќање во рацете на вистиските земјоделци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, заедно со претседателката на Комисијата за земјоделство, Татјана Прентовиќ и претседателот на комисијата за Култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски се сретнаа со жителите на Звегор, Вирче, Стамер, Град во општина Делчево.

Граѓаните живеат тешко, секојдневието им е исполнето со проблеми коишто со години не може да им се решат.

-Овие на власт само лажат. Го запустија селото, младите се иселија, сиромаштија на сите страни! Некои од нас се занимаваат со земјоделие, имаме луѓе кои се занимаваат со сточарство, но сите сме препуштени сами на себе! Субвенции и земја добиваат само партиските моќници на власта, се пожалија жителите на овој регион.

-Погрешните политики на Груевски и фамилијата резултираа со огромна невработеност, иселување на илјадници граѓани надвор од државата, криминал и корупција, исчезнати милијарди евра, изборни измами и медиумски мрак. Излезот од оваа криза се фер, слободни и демократски избори на коишто ќе дојде до промена на власта, рече Николовски.

По демократските промени, додаде Николовски, новата Влада на СДСМ ќе спроведе нова аграрна политика. А сите вие кои немате добиено субвенции, чувајте ги сите белешки, СДСМ во првите 100 дена од новата влада ќе ви ги исплати сите пари кои ве следуваат, рече Николовски.

Николовски презентираше мерки од Програмата на СДСМ, коишто наидоа на огромна поддршка помеѓу граѓаните.

-Ние ветуваме нова економска политика, владеење на правото и законите, и искоренување на криминалот и корупцијата. Нашиот план гарантира силна финансиска поддршка за домашните мали и средни претпријатија и достоинствена работа со повисоки плати. Минималната плата ќе ја зголемиме на 15 000 денари а просечната плата ќе достигне до над 29 000 денари, рече Николовски.

Николовски рече дека во делот на земјоделието СДСМ ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра и ќе завршуваат кај вистинските земјоделци, која им се најпотреби.

-СДСМ има мерки за намалување на трошоците за земјоделско производство, воведување на поефтина, зелена нафта и обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи. Ќе направиме ревизија на доделеното земјоделско земјиште и ќе го вратиме во рацете на вистинските земјоделци. Наместо парите да завршуваат на сметките на тајкуните блиски до власта, ќе завршуваат во рацете на вистинските земјоделци како поттик за зголемување на производството и модернизација на механизацијата, рече Николовски.

 

 

 

Последни вести