Соопштение за јавност
Денеска во посета на Неготино е претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик-министер за финансии кој заедно со претседателите на Комисиите за енергетика и локална самоуправа, Митко Андреевски и Дејан Павлески и членката на Извршниот одбор на СДСМ, Сања Лукаревска разговараат со граѓаните за новата понуда на мерки од Програмата на СДСМ коишто обезбедуваат подобар живот на сите граѓани на Македонија.
Наумов се сретна со претставници на бизнис секторот и ги сподели со нив мерките од економската програма на СДСМ коишто значат нова енергија за економска обнова на државата.
Стопанствениците се жалат на постојани притисоци од власта преку високи казни и зголемени даноци коишто директно ја загрозуваат нивната работа и опстанок.
За да ја возобновиме урнисаната економија ќе вложуваме во растот и развојот на малите и средни претпријатија, коишто ќе генерираат реален економски раст и реални вработувања. Ќе обезбедиме од 20 до 50 милиони евра државна помош за домашните претпријатија. Силни домашни претпријатија ќе значат и силна економија. Одговорната влада на СДСМ ќе го врати прагот на ДДВ на 2 милиони денари, со што ќе ги ослободиме малите фирми и граѓаните од новите давачки за ДДВ што им ги наметнаа Груевски и Ставрески со тоа што го намалија прагот на ДДВ на 1 милион денари со цел да извлечат што повеќе пари од граѓаните. На расипничките политики им ставаме крај, порача Наумов на присутните стопанственици.
Претседателот на Комисијата за енергетика, Митко Андреевски рече дека еден од приоритетите на СДСМ во енергетиката е либерализацијата на пазарот на електрична енергија, со што ќе се обезбеди поефтина струја и за граѓаните и за фирмите.
Во Демир Капија, претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Дејан Павлески им порача на граѓаните дека одговорната влада на СДСМ од буџетот ќе одвои 80 милиони евра за регионален развој на општините.
Претставниците на СДСМ се упатија кон населените места Војшанци и Темник каде што се зборуваше за мерките на СДСМ во земјоделството.
За 100 години необработена нива зимаат субвенции послушниците на власта, загрижено коментираа граѓаните од овој крај кои работат земјоделство.
Ќе направиме ревизија на државното земјоделско земјиште и субвенциите навремено ќе ги добиваат само вистинските земјоделци. Истовремено ќе ги зголемиме на 160 милиони евра годишно, рече Наумов на граѓаните и ги покани на вечерашната трибина во Неготино на којашто подетално ќе се презентираат мерките од Програмата на СДСМ коишто обезбедуваат нова и посигурна иднина за сите граѓани на Р.Македонија.