fbpx

Мерките од програмата на СДСМ гарантираат сигурна иднина на младите во Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека фунцкионерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат на криминален начин, македонските граѓани се посиромашни, а високо образованите млади луѓе ја напуштаат Македонија.

Виртуелните мерки што ги презимаат ВМРО-ДПМНЕ во последните 10 години единствено придонесоа да се иселат 626.012 луѓе од кои најголем број млади луѓе.

„Реформите“ што ги направи ВМРО-ДПМНЕ, а што ги презентира Владимир Неловски се по 10 години континуирано уништување на образованието со лоши политики и закони, по фрлени милиони евра за непотребни проекти, експерименти, корупција со печатење на учебници, предизвикан стрес кај учениците со несоодветни екстерни тестирања.

Над 70 проценти од младите доколку имаат можност би заминале од Македонија, младинската невработеност е над 50 проценти, студентскиот стандард е многу низок, а студентите буквалноп реживуваат во ужасно лошите услови во студентските домови.

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се виновни за пустошот и хаосот што го оставија зад себе во последните 10 години.

Ниту илјада отчети нема да ги исперат криминалните активности на оваа ненародна власт.

Планот и програмата на новата економска политика на СДСМ, за обнова на Македонија, е за подобра инвестициска клима којашто ќе донесе и нови работни места за младите со повисоки плати.

СДСМ има Програма за сигурна иднина на младите во сопствената држава, каде што младите ќе имаат имаат можност со своето знаење, труд и посветеност да добијат сигурна работа која што нема да зависи од партиската книшка.

Ќе отвориме 16 бизнис центри во сите региони, со целосна поддршка на бизнис идеите на младите луѓе, административно и со конректна финансиска помош од 10.000 евра.Така ќе се отворат нови работни места за младите со повисоки плати.

Преку проектот младинска гаранција, по завршувањето на образованието младите ќе добијат шанса за работа, пракса, тренинг или дообразување.

Екстерното оценување коешто предизвикува стрес кај учениците, професорите и родителите ќе биде укинато.

Со победата на изборите, СДСМ ќе ја преземе одговорноста, дадена од поддршката на граѓаните, и со новата програма и новата енергија ќе ја поведе Македонија во сигурна и подобра иднина за сите, пред се за младите!

Скопје, 29.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести