fbpx

Наумов: Во Програмата се обврзуваме, граѓаните ќе контролираат како се трошат нивните пари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во Кисела Вода денеска е претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов кој заедно со претседателката на Комисијата за земјоделство, Татјана Прентовиќ ги презентира мерките од Програмата на СДСМ и ги слушна проблемите на граѓаните од овој дел на Скопје.

-На Македонија и е потребна отчетна власт којашто на транспарентен начин ќе ги собира и ќе троши парите на граѓаните. Ќе овозможиме целосна контрола од самите граѓани врз трошењето на народните пари. Сите трошења на министрите и државните функционери ќе бидат јавно објавени и граѓаните ќе можат да проверуваат постојано како се трошат нивните пари, објасни Наумов за тоа како одговорната и транспарентна власт којашто ќе има чест да ја предводи СДСМ ќе води грижа за парите на граѓаните.

Тој со граѓаните зборуваше за праксата на криминалната власт којашто во 10-годишното владеење злоупотребила околу 30 милијарди евра народни пари, преку 10-те нетранспарентни буџети.

-Со тоа ги осиромашија граѓаните, а со нарушувањето на правната држава дополнително ја оддалечија Македонија од Европа и НАТО, рече Наумов.

Граѓаните реагираат на медиумската контрола од страна на власта.

“Од контролираните медиуми што ги шират лагите на Груевски сме спречени да ги слушнеме мерките од Програмата на СДСМ. Македонската телевизија ние ја плаќаме, а брутално манипулираат и лажат. Тоа е недозволиво“, зборуваат граѓаните.

Тие се пожалија и на постојани притисоци за наплата на радидифузна такса од повеќе членови на исто семејство и на блокирани сметки поради радиодифузната такса.

-Радиодифузната такса којашто Груевски и неговите послушници ја злоупотребија за да вршат притисоци и врз најранливите категории на граѓани, уште во првите 100 дена власт ќе ја укинеме. Додека постојано ги блокираат сметки на граѓаните и делат извршни решенија за радиодифузна такса, јавниот сервис на власта, МТВ, ја зголемила наплатата по основ на радиодифузна такса на 10 милиони евра, а истовремено ги зголемила и своите долгови по основ на даноци од над 2 милиона евра. Граѓаните повеќе нема да плаќаат радиодифузна такса кога одговорната власт ќе ја предводи СДСМ, а МТВ ќе се финансира од буџетски средства и повторно ќе биде сервис на граѓаните, рече Наумов.

Претседателката на Комисијата за земјоделство, Татјана Прентовиќ и претседателот на Комисијата за финансии и дополнителен заменик министер за финансии Кире Наумов во Кисела Вода со граѓаните оценија дека Македонија е подготвена за промени, дека тие незапирливо доаѓаат и дека ниту еден уплашен обид на Груевски тоа нема да го спречи.

 

 

 

Последни вести